Димитров му посака успех на Коѕијас и вети посветеност за заокружување на историското решение

од desk2
119 прегледи

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров му посака усех на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, кој вчера поднесе оставка и вети посветеност на процесот на заокружувањето на Договорот од Преспа.


– Предводени од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Коѕијас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели и во период од една година успеавме да направиме нешто кое во претходните 27 години се сметаше за невозможно – ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа, градејќи мост на пријателство и докажувајќи дека и нашиот регион може да решава спорови и да создава иднина, се наведува во пишаната изјава на шефот на македонската дипломатија.

– Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици. Од наша страна, ние ќе продолжиме со силна посветеност кон заокружување на ова историско решение, заедно со останатите прогресивни и демократски сили во Скопје и Атина, додаде Димитров.