Тунтев: Мицкоски е анти-западен лидер, утре ќе биде гласањето

од desk2
103 прегледи

Мицкоски е анти-западен лидер. Пратениците да не ја слушаат партиската врхушка и да гласаат независно. Утре ќе биде гласањето на собраниската седница за уставни измени и ние очекуваме двотретинско-мнозинство за отворање на амандманите. Оставката на Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција, нема да го сопре процесот. Тоа ни е загарантирано од грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ова се констататциите кои ги изнесе Томислав Тунтев, координаторот на пратеничката група на СДСМ на заедничка прес-конференција со преостанатите пратеници.

– Над 70 отсто од нашите граѓани сакаат во ЕУ и НАТО. Се надеваме дека утре ќе го имаме двотретинското мнозинство, не постои ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој не го посакува тоа. Има уште 15-тина дискутанти и ќе се гласа на крајот од седницата. Ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат присутни и да се премине на гласање. – рече Тунтев.

Тој додаде дека доколку има парламентарни избори, тие ќе бидат без „пржинска влада“ затоа што се вонредни и нивната суштина ќе биде дали Коалицијата „За европска Македонија“ ќе има 80 пратеници по истите.