Северните делови на Европа ќе се соочуваат со силни ветришта, поплави и други проблеми што ќе ги донесе невремето.

Иако во следните денови се најавува екстремнос туден период, кој ќе донесе пад на температурите, “Accuweather” во своите предвидувања за зима објави дека оваа зима ќе доминираат силни ветрови и влажно време, но не и со снег. За разлика од остатокот на европа, Балканот ќе има топла зима.
Северните делови на Европа ќе се соочуваат со силни ветришта, поплави и други проблеми што ќе ги донесе невремето. Ист ризик има и во зеверозападните делови на Европа, од Шпанија до Франција. Сепак, температурите ќе бидат над просечните. Бурите кои доаѓаат од Атлантикот со топол воздух ќе спречат продор на студен сибиски воздух. Се очекуваат доста дождови, но ни е снег, а јануари и февруари ќе бидат главно без дождови.
За Балканот се предвидуваат температури повисоки од просечните за зимски период и дека ќе има многу малку снег. Ова ќе предизвика голем проблем за зеимската сезона на планините. Единствено Алпите ќе се израдуваат на зима со снег.
Не се очекува да се повторат екстремно студени денови како ланската зима.
Во Полска, Австрија и Чешка се очекуваат поголеми количини снег во неколку наврати во текот на јануари и февруари.
Во скоро време ни следи студен арктички бран кој ќе се спушто од Скандинавија до крјаните југоисточни делови на Европа, а на Балканот ќе стигне околу 25 октомври.
Температурите ќе бидат доста пониски, а кон крајот на таа недела може да се очекува снег и на пониските предели.