Перез го задржа своето место во Форс Индија

од Vlatko K
147 прегледи

Мексиканецот Серхио Перез ќе остане во Форс Индија и во 2019 година, објавија од тимот пред слободните тренинзи на ГП на САД во Остин, Тексас.

Сè уште не е познато кој ќе биде неговиот колега, но тоа треба да биде канадскиот пилот Ленс Строл.

Се очекува Рејсинг Поинт Форс Индија догодина да го смени своето име.

„Задоволен сум што мојата иднина е јасна, мотивирана сум за 2019 година. Форс Индија е мој дом од 2014 година и ми дозволи не само да ги покажам моите квалитети, туку и да ги подобрам“, рече Мексиканецот.

Слични содржини