Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша повикува на насилно соборување на социјалистичката влада во Албанија. Тој, според албанските медиуми, смета дека актуелната влада е силно поврзана со мафијата и може да се собори само со масовни протести.

-Изборите повторно би ги купил Еди Рама – нагласува Бериша. Од друга страна претседателот на Демократската партија Лулзим Баша има спротивно мислење кога е во прашање соборувањето на премиерот Еди Рама.
Според Баша власта на смее да се добие со насилства .
Оваа разидување во редовите на раководството во албанската Демокрaттска партија, според албанските медиуми, прави и раскол во опозицијата. Бериша кој и понатаму има силно влијание во Демократската партија бара да се почитуваат неговите предлози за понатамошното делување во опозицијата со цел таа да дојде на власт.
Оваа разидување на двајцата највлијателни луѓе во опозицијата се случува во момент кога во Албанија растат политичките тензии поради меѓусебните обвинувања на власта и опозицијата за соработка со мафијата која има силно влијание во севкупниот живот во земјата. Меѓународниот фактор, а посебно ЕУ, бара пресметка со криминалот и копупцијата за да се реализираат реформите во Албанија со цел интегрирање на земјата во ЕУ. Албанските аналитичари оценуваат дека во земјата се можни предвремени избори ./Libertas