На Смилковско се пукало со два „калашникови“ и пиштол

од desk2
130 прегледи

На денешното рочиште во Кривичниот суд за случајот „Монструм“ се сослушуваат вештаци.

Споре вештачењата на крим-техниката од МВР, форензичар кажа дека на Смилковско езеро се пукало со два „калашникови“ и еден пиштол.

Вештак од МВР, хемичарка по професија, пак, кажа дека таа правела анализа трагите од земја на „опел омегата“ и земја покрај телото на едно од убиените деца. Истата, како што кажа, се совпаѓала.

За сослушување денеска се повикани десетина вештаци.