Села: Не сум за амнестија, со тоа се дава погрешна порака

од desk2
93 прегледи

Пратеникот од алијансата за Албанците Илир Села, денеска во Собранието на Република Македонија одржа говор пред новинарите. Запрашан за мислење околу барањето од страна на Христијан Мицкоски за амнестија, тој одговори дека со тоа ќе се даде погрешна порака.

„Амнестии во државата не дека немало, ама мислам дека е многу грешно, и со амнестија даваме многу лоша порака. Тоа би му дало право на секој граѓанин на секоја одлука да влегува тука во Собранието, и да ни се случуваат повторно тие настани од 27 април. Јас не го прифаќам тоа.“, рече Села.