Џесика Алба била жртва на киднапирање кога имала 15 години

од desk2
92 прегледи

Една од најсексапилните холивудски актерки последниве две децении, Џесика Алба била жртва на киднапирање и била пронајдена во багажник кога имала 15 години. 

Имено, ѕвездата од филмовите „Град на гревот“, „Фантастичната четворка“ и „Во синилото“, во 1996. ја снимала серијата „Флипер“, па одненадеж почнала да добива чудни телефонски повици. Кусо потоа, одеднаш исчезнала и 14 часа никој не знаел каде е. Подоцна е пронајдена врзана во багажник, со превез на очи и селотејп на устата.

Кога била дете, таа имала здравствени проблеми, а страдала и од опсесивно-компулсивно нарушување. Била осамена и се чувствуала отфрлена од црквата кон која нејзиното семејство припаѓало.

– Поостарите мажи ме прекоруваа, а пасторот ми велеше дека тоа е затоа што се облекувам провокативно. Тоа беше лага, но се чувствував виновно и се срамев од своето тело, изјави таа во едно неодамнешно интервју.

Поради своите социјални проблеми, ѝ се појавиле и проблеми со исхраната.