Пожар од големи размери изби денеска во Ситонија, на северот на Грција, чие гаснење го отежнува силниот ветар.

Во гасењето на пожарот, кој изби во раните утрински часови, учествуваат 60 пожарникати со 30 противпожарни возила.
Ангажирани се и доброволци, како и четири канадери, објави „Катимерини“.
Грчката агенција АНА наведува дека небото над Ситонија е потполно прекриено со чад, кој се гледа и од голема оддалеченост.
Сарти остана без струја и мобилна телефонија.
Според локалните надлежни на Ситонија, ситуацијата е тешка.
Κατά το τελευταίο 24ωρο κληθήκαμε να επέμβουμε σε:
78 #αστικές πυρκαγιές
33 #δασικές πυρκαγιές
35 παροχές #βοηθείας pic.twitter.com/jEQbIgYIDf— Πυροσβεστικό Σώμα (@pyrosvestiki) October 25, 2018
Се верува дека пожарот избил во близина на Платаницика, место на источната страна на полуостровот, познат по борови шуми.
Истовремено во селото Филиро, 10 километри североисточно ос Солун, изби пожар кој е ставен под контрола.
Мештаните се евакуирани.
https://twitter.com/greeknewss/status/1055358571393634305