Децата мигранти на границата БиХ -Хрватска: Отворете ја границата, сакаме во ЕУ

од desk2
113 прегледи

Децата на мигрантите кои неколку дена се обидуваат да ја преминат границата Босна и Херцеговина – Хрватска, носат транспаренти на кои пишува „Отворете ја границата“ и „Не војна“, „Сакаме во ЕУ“.

Ситуацијата е мирна, мигрантите се во шатори, а присутен е голем број припадници на Граничната полиција. Границата ја чуваат и полицајци од република Хрватска. Инаку, утрово премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, рече дека ќе ја лува својата граница од илегално преминување.

На граничниот премин „Маљевац“ ноќта помина мирно, преминот е одблокиран, но сообраќајот се уште не е регулиран.

„Имаше мал судир ноќеска меѓу мигрантите, но за среќа, немаше потешки повреди„, вели портпаролката на полицијата Снежана Галиќ.

Ноќеска мигрантите биле поагресивни, гаѓале со шишиња и камења на полицајците на Хрватска, поради што се поместени подлабоко на територијата на БиХ. Повредени се неколку полицајци и мигранти, но полесно.

На преминот денеска има околу 150 мигранти.