MediaTek Helio P70 е новата понуда на компанијата за смартфони од средна класа на компанијата. Наследникот на популарниот Helio P60 нуди побрзи брзини и помала потрошувачка на енергија. Друга предност се напредните алгоритми со вештачка интелигенција (ВИ). MediaTek Helio P70 се базира на 12-nm FinFET технологија и користи Multi-Core APU енџин со 525MHz брзина за прецизна обработка на ВИ пресметките.

Новиот процесор има четири ARM Cortex-A73 јадра со работна фреквенција од 2.1GHz и ист број на ARM Cortex-A53 јадра кои работат на 2GHz. Иновативната 8-јадрена big.LITTLE конфигурација е надополнета со моќен ARM Mali-G72 MP3 графички чип со фреквенција од 900MHz. MediaTek тврди дека Helio P70 ќе испорача 13% повисоки перформанси од Helio P60 и има 4G LTE модем со максимална брзина од 300Mbps, објави „DigiTimes“.
Дополнителните оптимизации го прават Helio P70 соодветно решение за љубителите на фотографијата и игрите. Идните смартфони со овој процесор ќе можат да имаат двојни камери со 24МР / 16МР резолуција или основен 32MP сензор. Новиот чип ќе ја намали потрошувачката на енергија за обработка на слики за 18% во споредба со неговиот претходник. MediaTek почнаа масовно производство и ги очекуваат премиерата на првите модели со Helio P70 во ноември.