Авионот Ербас А320 на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал откако бил пренасочен кон Романија.
Портпаролот на Меѓународниот аеродром, Валентик Јордаке изјави дека авинонот, откако го напуштиле 173-та патници, е однесен на изолирана локација на пистата каде што е извршен претрес и скенирање на багажот.
Јордаке додаде дека заканата за бомба била добиена телефонски од женски глас.
Авионот полета пет часа подоцна кон Варшава, откако романските власти го завршија претресот.
