Двајца полицајци починаа откако беше пукано во нив додека се возеле во полициски автомобил во Сараево, БиХ, а во тој момент членови на криминална група се обидувале да украдат возило.

Автомафијата, како што ја нарекуваат босанските медиуми, убиле двајца полицајци, кои се наоѓале во службено возило.
Полицајците не ни излегле од возилото, ниту употребиле оружје, кога врз нив почнале да пукаат. Едноставно, не успеале да одговорат на пукањето.
Членови на криминална група кои со автомобили стигнале во сараевската населба Алипашино Поле, се обиделе да украдат автомобил Golf 6 со хрватски регистарски таблички. Во тој момент наишла полициска патрола на која е пукано од автоматско оружје додека возилото се движело.
Во тек е голема полициска акција за пронаоѓање на сторителите на нападот врз полицајците, а на располагање се и хеликоптерските единици на полицијата.