Пред да биде пуштен во употреба автопат долг 12 километри, делница во должина од 2,5 километри на потегот од Уб до Лајковац , повторно е раскопана и ќе се гради од ново.
Овој дел од коридорот 11 е завршен во 2014, но никогаш не беше пуштен во употреба, поради бројни грешки и неправилности.
По завршувањето, на десетина места асфалтот буквално се распадна. Министерската за градежништво на Србија, Зорана Михајловиќ, нареди работа во три смени, но и дека ќе бара одговорност.
Минатата година заради злоупотреби, српското министерство поднесе кривични пријави за 14 лица на чело со тогашниот ресорен министер, Милутин Мркоњиќ.
Автопатот го граделе фирми блиски до Мркоњиќ, ,,Планум“ и ,,Патишта Ужице“, а санацијата сега ќе чини 9,5 милиони евра.