Од друга страна, пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов вели дека разговараат со сите пратеници, и од опозицијата и од владеачката партија и коалицијата за помирување и подавање рака треба да ја спречи поделбата на општеството на партиска или која било друга основа. За него предлог-законот за амнестија е брутален упад во правосудниот систем на Република Македонија. „Не смееме да дозволиме заради политички преписки да го нарушиме принципот на владеење на правото“, рече Костадинов.
Од СДСМ најавуваат формирање на собраниска комисија за помирување која треба да ја води претседателот на Собранието Талат Џафери. Од опозициската пратеничка група предводена од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие нема да учествуваат во работата на една комисија за која не се знае концепцијата за нејзината работа и крајната цел.
Денеска се очекува Владата да ги поднесе и уставните амандмани.