Данев се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

од desk2
124 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, побарал да се повлече од функцијата координатор на пратеничката група, која ја извршуваше во Собрание. Тој денеска на прес конференција рече дека најверојатно повеќе нема да биде координатор на опозициските пратеници, без да даде образложение за тоа.

Според неофицијални информации Данев сам го побарал да се повлече, но остнаува можноста партијата да го предомисли.

Се очекува деновиве пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да достават известување до претседателот на Собранието дека ќе функционираат како една пратеничка група.