Колумбиската и американска актерка Софија Вергара, најпозната по својата улога во комичната серија “Модерно семејство”, за седми пат по ред ја предводи листата на највисокоплатените телевизиски актерки на магазинот “Форбс”.
Според изданието од јуни 2017 до јуни 2018 година, 46-годишната Вергара заработила 42,5 милиони долари. Речиси половина од оваа сума, сепак, е од договори за рекламирање и лиценцирање.
Второто место е на Кејли Куоко (24,5 милиони долари), која, за разлика од Вергара, се потпира на нејзината плата од серијата “Теоријата за големата експлозија”. Куоко добива 900.000 долари во една епизода.
Третото место е за Елен Помпео, кој ја игра главната улога во медицинската драма “Анатомијата на Греј”. За една година ја зголеми банкарската сметка за 23,5 милиони долари.
Форбс пресметува дека меѓу јуни 2017 и јуни 2018, првите десет телевизиски актерки заработиле вкупно 168,5 милиони долари, или 12 милиони повеќе од претходната година (156,5 милиони долари).