Данев му ја отстапи координаторската функција на Мицевски: Ќе настојуваме да ги обезличиме политиките на СДСМ

од desk2
92 прегледи

Драган Данев во текот на вчерашниот ден му ја отстапи координаторската функција на Никола Мицевски за нов координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие на денешната заедничка прес-конференција порачаа дека ќе настапуваат како една пратеничка група и ќе се борат против лошите политики на СДСМ.

„Оваа одлука е лично и мислам дека е време да се оди со нов координатор на партијата. Верувам дека како пратеник ќе дадам поголем придонес. Поминавме тешка година и ќе настојуваме да ги обезличиме политиките на СДСМ“, истакна Данев.

Новиот координатор Мицевски истакна дека во Собранието ќе настапуваат како една пратеничка група, за што ќе достават и официјален допис до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Чест ми е што ќе бидам нов координатор на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе настапуваме како една пратеничка група и тоа е нешто за што беше разговарано изминатиот период. Во текот на утрешниот ден ќе доставиме официјален допис дека ќе настапуваме како една пратеничка група“, порача Мицевски./fokus