Срби препродавале станови од умрени

од desk2
141 прегледи

Полицијата во Белград, Србија, уапси осуммина кои со фалсификувани документи, продавале станови од умрени лица, како и оние во сопственост на Градот Белград.

Осомничени се дека становите од умрени лица и од Градот Белград, а врз основа на фалсификувани документи, ги книжеле во земјишните книги на некој од нив, а потоа ги продавале под пазарната цена.

На овој начин, криминалната група се стекнала со противправна корист од 30.000.000 динари или околу 253.000 евра, а оштетени се купувачите, законските наследници и Градот Белград.

Полицијата кај нив нашла фалсификувани договори за купопродажба на недвижнини, договори за откуп на станови, потврди дека се во целост исплатени станови и повеќе десетици фалсификувани печати од различни институции.