Хрватска ја заврши истрагата за самоубиството на Праљак, не се откри како дошол до отровот

од desk2
117 прегледи

Хрватска заврши со истрагата за спектакуларното самоубиство на воениот злосторник во судот во Хаг. Тие не успеале да утврдат како тој го добил отровот кој го испи веднаш по изрекувањето на пресудата.

Обвинителството во Хрватска констатирало дека самоубиството било подолго планирано. Во врска со овој случај се извршени две кривични дела и тоа внесување цијанид, кој е забранет во Холандија, а второто е соучесништво во подготовка за самоубиство.

Во текот на истрагата се гледани снимки, испрашувани сведоци и истражени просториите каде Праљак се движел, но ништо од тоа не дало објаснување како тој добил отров.

Слободан праљак изврши самоубиство на 29 ноември минатата година, во хашката судница, откако му е изречена пресуда за воени злосторства во Босна и Херцеговина.