Бурите во северна Италија денеска предизвикаа хаос и голема материјална штета, особено во североисточната провинција Белуно, а петмина загинаа во невремето.

Градоначалникот на градот Белуно, Јакопо Масаро ги повика сите жители да ја превриваат водата пред да ја употребат.
Поради лизгање на земјиште, неколку области денеска се отсечени од надворешниот свет, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Агенцијата за цивилна заштита го зголеми до највисокото можно ниво предупредувањето за времето во планинските области на регионот Венето.
#maltempo #veneto #belluno #auronzodicadore frazione di #misurina @RaiNews pic.twitter.com/F3mb7mUjhx
— Silvia Balducci (@silviabalducci) November 2, 2018
Тешките временски услови што претходно оваа недела погодија голем дел од Италија, ги оневозможија луѓето да заминат од некои локации. Во средата беа спасени речиси 200 луѓе кои со денови беа заробени на планината Стелвио поради тешките временски услови.
Најмалку 14 лица од неделата до сега загинаа поради бури, торнада, поплави, лизгање на земјиште и ветрови низ цела Италија.