Недвижниот имот на ВМРО-ДПМНЕ останува замрзнат, судот одби нивна жалба

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Кривичниот совет потврди решение за замрзнување на недвижниот имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, информира денеска Основен суд Скопје 1 – Скопје.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка кој го уважи предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена со предлогот. Советот, по ценење на фактите и доказите во жалбата, донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судијата на претходна постапка“, се нагласува во соопштение од Кривичниот суд.

СЈО поднесе барање до Судот за замрзнување на седиштето, штабовите и останатиот недвижен имот на ВМРО-ДПМНЕ.

Барањето е во рамки на предметот „Талир“, што се однесува на незаконско финансирање на партијата.