Уапсена шверцерска група на мигранти

од desk4
104 прегледи

Тие се обидувале да шверцуваат голема група илегални мигранти во Италија

Грчката крајбрежна стража фати меѓународна криминална група која се занимава со трговија со мигранти. Бандата е уапсена при обид да   префрли на територијата на Италија голема група на илегални мигранти. Меѓу трговците со луѓе има четири грчки граѓани. Тие се обиделе да пренесат од пристаништето Катаколо во Италија 119 илегални мигранти, соопшти Грчката крајбрежна стража. Мигрантите биле на два автобуса.

Тие требало да се истоварат во Италија. Според претставник на крајбрежната стража “криминалната група дејствувала веќе  неколку месеци”.