Ердоган: Турција не дозволува експлоатација на гас во водите на Кипар

од desk2
123 прегледи

Турција нема да дозволи експлоатација на резервите гас во водите на Турција и северен Кипар во источниот Медитеран, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Говорејќи на церемонијата на морнарицата, Ердоган истакна дека оние земји кои мислат дека можат да вршат операции во источното Средоземно Море или во Егејското Море, без одобрение на Анкара, грешат.

– Ние нема да дозволиме обиди за извлекување природни ресурси во нашата земја, Кипар или источниот Медитеран, рече турскиот претседател.

Минатиот месец Турција реагираше дека грчки брод нападнал турски истражувачки брод западно од Кипар.

Грција ги отфрли обвиненијата, истакнувајќи дека Турција поттикнува тензии.

Кипар е поделен на североисточен, турски дел и јужен, грчки дел во 1974 година, кога Турција направи инвазија врз Кипар и го окупираше северниот дел на островот. паг/16:08