Припадници на полицијата од Дубровник кај Оребиќ, Блато на корчула и на Млет во Хрватска нашле околу 156 кг натопена марихуана.

Марихуаната била во пакети, а полицијата ги пронашла благодарение на дојава од граѓани, пишува 24sata.hr.
Се претпоставува дека криумчарите сакале доргата да ја префрлат од Албанија или Црна Гора во Италија.
„Се работи за вообичаена рута за криумчари, а при хаварија на бродот, јужината знае на нашиот брег да донесе пакети со дрога. Во моментот се спроведува криминалистичко истражување со цел откривање на сопственикот на дрогата“, наведуваат од хрватската полиција.