Наместо да помогнат, Саудијците испратени во Турција во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги, ги отстраниле доказите за злосторството, пишува турскиот весник Sabah.

Од интервјуто на CNN со синовите на Кашоги
Повикувајќи се на сигурни и проверени извори, весникот наведува дека тимот од 11 члена саудиски истражители, пристигнат во Турција 9 дена по убиството на Кашоги, вклучувал и хемиски и токсиколошки експерти.
Во весникот пишува дека телото на Кашоги е распарчено и изнесено од Конзулатот во пет куфери.
Претходно, синовите на Кашоги апелираа останките од телото да бидат што побрзо предадени на семејството за да го закопаат нивниот татко во Саудиска Арабија. Во интервју за CNN изјавија дека се надеваат дека тој не страдал многу додека го убивале.