Апсење во центарот на Скопје – вработен во УЈП се сомничи за поткуп

од desk2
299 прегледи

Апсење во центарот на Скопје – вработен во УЈП се сомничи за поткуп Вработен во Управата за јавни приходи со иницијали Љ.С. попладнево е уапсен во кафуле во центарот на Скопје во трговскиот центар Зебра, дознава „Независен“ од извори од истрагата.

Според неофицијални и непотврдени информации, уапсениот седнал во кафулето и женско лице му дало коверт со пари кое уапсениот го зел.

Уапсениот со лисици на рацете стои пред возило пред кафулето и заедно со неколку лица пред него се бројат и заппишуваат парите веќе еден час. Од Министерството за внатрешни работи не соопштуваат детали и велат дека ќе соопшат официјални информации утре./Независен