Пронајдени е и шесто тело под урнатините на двете згради во Марсеј, која пропадна пред два дена , информира АФП.
Се проценува дека жртвите би можеле да достигнат до 8, па дури и 10 лица.
Бесни жители на градот ги обвинија локалната власт и државата дека луѓето загинале за ништо , властите ги игнорираат предупредувањата за состојбата на станбените згради во кои живеат најсиромашните.
Во меѓувреме, надлежните институции ветија дека сите објекти во јужниот град кои се сметаат за несоодветни за живеење треба да се проверат.

Спасувачите продолжуваат да работат. Тие, сос ебе водат и кучиња.
До сега, телата на четворица мажи и две жени биле отстранети од урнатините. Според еден од спасувачите, се уште постои надеж за преживеан под урнатините.