(ВИДЕО) Тревис Скот ја опсипа Кајли Џенер со рози

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Денот на вљубените дојде малку порано за Кајли Џенер. Вчера, милијардерката објави видео на Инстаграм, каде што се пофали со уште еден романтичен гест на Тревис Скот. 

Во клипот што е снимен со песната на раперот “Пекол на ноќта” во позадина, можете да го видите домот на 21-годишната убавица. Полн со илјадници црвени рози. Цвеќиња и запалени свеќи се поставени на скалилата, дневната соба, трпезаријата и ходниците.

Кајли истакна дека е пријатно изненадена од невообичаен начин на кој што ја завршила својата вечер. Меѓутоа, таа не разјаснила колку рози има во нејзиниот дом, што дефинитивно ќе мириса на љубовта во следните неколку дена.

Ова не е првото такво изненадување што Скот го прави за неговата сакана. Минатиот месец, Џенер сподели друго видео со убави цвеќиња.

Кајли, која стана мајка во септември оваа година, повеќе пати споделувала дека малата Сторми е еден од најголемите подароци кои изведувачот ѝ ги дал.

https://www.instagram.com/p/Bp3WiIZnSOg/?utm_source=ig_embed