Издвоено мислење на членови на Комисијата за заштита од дискриминација во претставката на Никола Груевски

од desk2
89 прегледи

 

Ирфан Декари и Бекин Кадриу, двајцата членови на Комисијата за заштита од дискриминација, не се согласуваат со мислењето на мнозинството на комисијата и сметаат дека не постои дискриминација во предметот – претставка поднесена од Никола Груевски, а против Основниот суд Скопје 1 – Скопје и судијката Добрила Кацарска

Тие не се согласуваат со мислењето на мнозинството на Комисијата за претставката поднесена од Груевски, со кое се утврдува директна дискриминација кон подносителот врз основа на „личен и општествен статус“, а во областа „правосудство и управа“.

Оценуваат дека Комисијата нема никакви аргументи за да докаже постоење понеповолен третман на подносителот на претставката Груевски, во уживањето на правата како обвинет поради неговиот „личен и општествен статус“. Подносителот на претставката, потенцираат, ги имал истите права како и другите обвинтеи во постапките.

– Мислењето на мнозинството на Комисијата за заштита од дискриминација има политичка позадина, без да постојат факти и докази за постоење директна дискриминација, стои во образложението од Декари и Кадриу,

Според нив, проблематична е особено основата на дискриминација, затоа што Комисијата смета дека постои директна дискриминација поради тоа што подносителот на претставката е поранешен претседател на Влада, поранешен претседател и сегашен почесен на политичка партија.Сепак, посочуваат Декари и Кадриу, мнозинстово во Комисијата не покажуваат во никој случај не покажува дека врз основа на овој „статус“ постои понеповолен третман на подносителот на претставката во споредба со други лица или „со било кој обвинет во било која постапка“.

– Да бидеме директни, овој статус мнозинството на Комисијата само го користи за да утврди дискриминација, знаејќи дека нема друг основ кој би можел да биде применет, па се оди на основот кој е многу флексибилен и растеглив „личен и општествен статус, се вели во образложението.

За да постои директна дискриминација, се подвлекува, мора да се докаже дека жртвата на дискриминација е понеповолно третирано во идентична ситуација, во споредба со други лица, врз некоја дискриминаторска основа. Во конкретниот случај, сметаат Ирфан Декари и Бекин Кадриу, лица кои се во идентична состојба со подносителот на претставката Груевски, се обвинети во постапките во кои се појавува како обвинет и подносителот на претставката.

Во овие постапки има лица со различен минат и актуелен статус, некои се министри, некои се пратеници, некои се директори, некои се градоначалници или лица во други положби, посочуваат Декари и Кадриу, набројувајќи ги како пример случајот „Тенк“ во кој подносител на претставката е обвинет заедно со поранешен министер за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешен помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, потоа случајот „ТНТ“, подносител на претставката е поранешниот министер Миле Јанакиевки и градоначалникот Тони Трајковски, како и случаите „Траекторија“, „Шамари во Центар“ и „Титаник“.

– Во сите овие постапки закажувањето на рочишта, одржувањето на рошичта, учеството во рочиштата било задолжително за сите учесници во постапката во својство на обвинети. Секој од обвинетите имал исти можности за подтготвување на правото на одбрана. Со тоа, Комисијата не покажува дека подносителот на претставката бил понеповолно третиран поради тоа што бил поранешен премиер и претседател на партија. Спротивно, тој бил третиран исто како сите други обвинети во овие постапки. Сите биле во одредена поранешна функција, но секој треба да одговара за делата кои ги сторил без разлика на статусот што го има или имал, оценуваат овие двајца членови на Комисијата за заштита од дискриминација.
Меѓу другото, сметаат дека Комисијата не е орган да цели дали е повредено правото на правично судење или правото на одбрана на обвинетиот.

– Комисијата не е надлежна да одлучува дали правото на одбрана е пбвредено или не. Комисијата има специјална надлежност да цели дали постои понеповолен (дискриминаторски) третман на едно лице, во споредба со друго лице во идентични ситуации во уживањето на правата. Комисијата во конкретниот случај тоа не го прави. Комисијата не покажува дека кон подносителот на претставката постои поинакво однесување на судот поради неговиот „личен и општествен статус“. Подносителот на претставката ги имал истите права како и другите обвинтели во псотапките, појаснуваат Дехари и Кадриу, во соопштението.