Повеќе од 100 исчезнати по катастрофалниот пожар во Калифорнија

од desk2
107 прегледи

Семејствата очајнички трагаат по повеќе од 100 лица кои исчезнале откако градот Парадајс на северот на Калифорнија е опустошен од повеќедневниот пожар.

Лори Тиг со денови го бара очувот кој има 80 години. Вели деа се јавила во две болници, но ништо не дознала. Се јавила и во трета, но потоа дознала дека и таа болница изгорела откако сите пациенти се евакуирани.

Семејството проверило и во неколку прифатни центри, но не го нашле, аа се надеваат дека наскоро ќе го пронајдат.

Бројот на жртви во калифорнија порасна на 25 откако беа пронајдени 14 тела во градот Парадајс на северот на таа американска сојузна држава. Во градот има најмалку 23 жртви, додека уште две тела се најдени во близина на Малибу.

Во просек 250.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови за да го избегнат огнот. Пожарот изби во четвртокот, а за јачината на огнот зборува и фактот дека пожарникарите не биле во состојба да го спречат уништувањето на градот Парадајс.