Xiaomi Mi 9 може да биде првиот паметен телефон со Snapdragon 8150

од Vlatko K
103 прегледи

Следниот предводник на Xiaomi, кој ќе се појави во пролет, може да е првиот паметен телефон со
се уште необјавениот чипсет Snapdragon 8150. Тоа е новото име на премиум процесорот на
Qualcomm, кој се разви како Snapdragon 855. Според извори од индустријата кинеската компанија
подготвува и други изненадувања за нејзиниот следен топ модел.

Mi 9 најверојатно ќе предложи тројна камера со сензор Sony IMX586 кој нуди резолуција од 48
мегапиксели. Исто така е можно да биде понудена и конфигурација со 10 GB RAM меморија, а
присуството на вграден во дисплејот сензор за отпечатоци се смета за сигурно. Според гласините
уредот ќе има некој вид право- и водоотпорност и ќе поддржува безжично полнење.