Valve прави свој VR шлем и Half-Life игра за него

од Vlatko K
106 прегледи

Во интернет се појавија слики на прототип на VR шлем кој се развива од Valvе.

Сликите излегоа на сајтот Imgur вчера, но според часовникот на десктоп компјутерот вп заден план,
тие се направени во јули 2018 година. Кадрите се целосно непроверени, но имајќи гово предвид
автентичниот изглед на елементите, нивниот комплексен карактер и логото на Valve, испечатен на
плоча, ако шлемот не е вистински, тогаш станува збор за исклучително добар фалсификат.

Ако ги погледнеме сликите одблиску, ќе видиме вградени слушалки и SteamVR сензори, како и две
камери, што сугерира дека шлемот ќе предложи поголемо видно поле од сегашниот НТС Vive. Меѓу
двата шлема има и други сличности што е нормално предвид партнерството меѓу Valve и НТС.

Информациите гласат дека новиот шлем ќе има 135-степени видно поле со висока резолуција и ќе
се нуди со два контролери.

Valve веќе откри дека работи на VR игри, а шлаг на новата гласина е дека премиерата на шлемот ќе
биде придружена со нова Half-Life VR игра. Таквите информации не може да ги остават рамнодушни
милионите гејмери, но друго е прашањето, дали играта во виртуелна реалност, всушност е
посакуваното од нив продолжение на серијата – можеби тоа е подобро од ништо.

Сепак не се стари шпекулациите дека Valve го чува третиот дел на легендарниот серијал токму за
VR средината.