Во неколку одделни сообраќајни незгоди во изминатото деноноќие, двајца пешаци кои биле удрени со автомобил починаа, еден е повреден, а повредени се моторџија, возачи и совозачи.

Седумдесет и две годишен пешак со иницијали Б.К вчера околу 12 часот бил прегазен на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп од страна на патничко моторно возило „Рено Клио“ со битолски регистерски таблици управувано од Ј.Ф. (23) од Прилеп.
Пешакот бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде лекар констатирал смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.
Во полицијата во Велес вчера во 12:30 часот било пријавено дека мотоциклист со иницијали Т.Т (62) се здобил со тешки телесни повреди, откако управувајќи мопед на крстосницата од улицата „Андон Шурков“ и улицата „Ѓоше Органџиев“ паднал на коловозот. Тој бил пренесен во Општата болница – Велес каде лекар му констатирал тешки телесни повреди. Извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
На крстосницата од регионалниот пат Градско – Прилеп вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд “со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(49) од Скопје и товарно моторно возило „Сканиа “со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Б.(34) од Прилеп. Со тешки телесни повреди се здобил совозачот на патничкото моторно возило Р.М., а возачот се здобил со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
На локалниот пат село Слупчане-Куманово патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Р.З. (21) од с.Липково-кумановско удрило во двајца пешаци Ф.Д.(34) и Б.Д.(39), и двајцата од Слупчане. Во незгодата од здобиените повреди на пат кон Општата болница Куманово, Б.Д. починал, а кај Ф.Д. лекар констатирал телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.