Ограничувањето на социјалните медиуми ја намалува депресијата и осаменоста

од Vlatko K
87 прегледи

Идејата дека социјалните медиуми може да наштетат на нашата психичка и емоционална состојба
не е нова, но засега речиси нема студии кои директно го мерат овој ефект.

Ново експериментално истражување, овластено од Универзитетот на Пенсилванија, сепак го
поврзува директно долготрајното користење на социјалните медиуми со полоши емоционални
состојби, а краткотрајна употреба со подобри состојби.

Таа експриментално студија ги споредува резултатите од експериментална група, чие однесување
систематски се модифицира и контролна група, на која се дозволува да прави што сака, пишува
TechCrunch.

Студија, чиј раководител е Мелиса Хант од Факултетот за психологија на Универзитетот на
Пенсилванија, е доста ретко, и покрај големиот интерес во оваа сфера. Авторите на студијата
откриле само две други експериментални студии кои се однесуваат на употребата на Фејсбук.

Однесувањето на 143 студенти од универзитетот било следено во текот на три недели, откако
добиле задача или да ја ограничат употребата на социјалните медиуми до 10 минути на апликација
(Facebook, Snapchat и Instagram) на ден, или да продолжат да ги користат, како што обично го
прават тоа.

Пред експерименталниот период учесниците биле оценувани неделно врз основа на најразлични
тестови за депресија, социјална поддршка, итн Употребата на социјалните медиуми била откриена
преку функцијата во iOS, која покажува која апликација со колку придонела за празнењето на
батеријата.