Пред неколку дена Селин Дион ги изненади своите фанови со веста дека создава детска колекција која ќе биде неутрална за родот на бебињата.
Линијата Célinununu беше објавена преку Instagram, а пораката е дека нема да ги почитува поделбите како род.
Видеото започнува со самата Селин Дион, која е уапсена од двајца полицајци непосредно пред да го објави својот нов проект, а насловот за тоа е: “Големото отворање утре …”.
Канадската пејачка го објавува повторно видеото на следниот ден и го открива основниот мотив како “бренд, кој ги разбива стереотипите и инспирира децата да бидат слободни и да ја откријат сопствената индивидуалност преку облеката”.
Линијата ќе содржи унисекс сугестии за деца од 18 месеци до 14 години.
https://www.instagram.com/p/BqH0j89AGLd/?utm_source=ig_embed