Тело на маж убиен со удари од секира и со врзани раце и нозе најдено е во една куќа во село крај Сремска Митровица во Србија.

Според последните информации, полицијата уапсила еден триесетгодишен маж кој го признал убиството.
Неофицијално, осомничениот рекол дека го убил човекот затоа што го начекал во сексуални односи со неговата невенчана сопруга.
Мештаните велат дека жената често ја гледале со различни партнери, и дека од еден од нив била жртва на насилство.