Универзитетскиот професор и прв шеф на македонската дипломатија Денко Малески, кој во последно време се спомнува повторно како можен адут на СДСМ за престојаните претседателски избори, изјави деновиве дека не знае дали владејачките партии би можеле да изградат консензус околу него. Доколку може, изјави Малески, тоа би било предмет на сериозно размислување од моја страна, пишува Независен.

– Тоа е товар околу кој вреди човек сериозно да размисли и веројатно да постави некакви услови за таков ангажман – изјави Малески во интервју за ТВ Клан.
На истата телевизија, минатата недела, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја реактуелизираше идејата за консензуален претседателски кандидат, што ја пласираше првпат во времето кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ – пред последните претседателски избори во 2014 година.
– Ние сакаме консензуален претседател и секако дека можеме да зборуваме и за имиња, но за тоа е многу рано – рече Ахмети.
Овој пат ДУИ планира предизборна коалиција со СДСМ, како партнери во владината коалиција. Кај социјалдемократите има расположение за заеднички настап со ДУИ на претстојните избори, што би се одржале напролет следната година, со оглед на тоа што двете партии коалицираа во општините со мешан етнички состав и за време на локалните избори во 2017 година, а заеднички листи беа најавувани како можност и кога беше во оптек сценариото за предвремени парламентарни избори доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени.
Целиот текст ТУКА