Специјален автобус требаше да стигне во кампот „Велечево“ кај Клуч, БиХ, каде мигрантите спијат на отворено и се изложени на минусни температури, откако вчера во Краина падна снег.

Овој автобус со својата опрема може да им помогне на мигрантите, а се наоѓа во Бихаќ и подготвен е да замине за Клуч, но се чека дозвола од властите за доаѓање на волонтерите на местото каде се наоѓаат мигрантите.

Автобусот не е единствениот проблем со кој се справуваат велат волонтерите.
Потребна е струја и многу други работи за да им се помогне на мигрантите, а најголем проблем е што тие мора да спијат на минус 3 степени под отворено небо.
Велат дека со мигрантите се однесуваат како стока. Ги фаќаат и ги истовараат на границата со ентитетот како овци. Не скаат ни да ги пратат во кампот поради вчерашните написи за лошата состојба во камповите.