Рот: Азилот е човеково право, но не и за пријателите на премиерот за да избегаат од правдата

од desk2
69 прегледи

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот упати критики до унгарските власти за доделувањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, со што му помагаат да избегне соочување со правдата.

-Правото на азил е човеково право. Тоа е спасоносен гест на хуманост за политички прогонетите, но не и за пријателот на шефот на владата, за да ја избегне правдата. ЕУ мора да остане заедница на демократски и правни држави, напиша Рот на неговиот Твитер профил.