Актуелниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, нема повторно да биде кандидидат на локалните избори во мај.

Tој ваквата одлука ја соопштил на затворен состанок со неговите заменици и соработници, а во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека нема да се кандидира од лични, а не од политички причини.
– Мојата одлука е лична, а не политичка. По 16 години во локалната самоуправа сметам дека мојот циклус е завршен, вели Бутарис за грчката новинска агенција.
Во однос на тоа како ја гледа иднината на градот, солунскиот градоначалник истакнува дека неговата администрација „го отворила Солун кон светот“.
– Го посадивме семето за обнова и екстровертност. Верувам дека градот ќе ги создаде соодветните услови за да не се вратиме во сивата и интровертна средина, потенцира солунскиот градоначалник.
Бутарис првпат беше избран за градоначалник на Солун на изборите во 2010., а четири години подоцна повторно ја доби довербата од граѓаните.