ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањето на СДСМ за чист воздух е голема измама, се губат човечки животи, а владата не презема ништо

од desk2
61 прегледи

Зоран Заев и Садула Дураку им порачаа на македонските граѓани дека ќе продолжат да се трујат од загадениот воздух бидејќи Македонија не била Швајцарија. Понижувачко оправдување на неспособна и криминогена власт, обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи во Швајцарија не се делат милиони на лубриканти додека 460.000 луѓе се под прагот на сиромаштија и имаат проблем да си купат леб. Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи претседателот на владата таму не барал по едно евро од квадрат за црквата и евро за неговиот брат. Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи таму нема криминални тендери, нема субвенции за иновации за снаи на советнички, ниту концесии со марихуана за премиерот. Швајцарија не го продава името, како што вицепремиер во Македонија си ја продава фирмата на грчкото електростопанство.  СДСМ и Зоран Заев се скоро две години на власт во Република Македонија“, додаваат од партијата.

 

Сметаат дека како последица на рекордното загадување во Скопје и во другите градови во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања кои се резултат на негрижата на локалните власти.

Зоран Заев, Садула Дураку и Петре Шилегов или да ги засукаат ракавите или да си заминат и целосно да се посветат на криминал, а да остават некој сериозно да преземе мерки за подобрување на животот на граѓаните, порачаа од партијата.