Лондон забранува рекламирање нездрава храна во јавниот превоз

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Британскиот главен град најави забрана за огласување нездрава храна во јавниот превоз, истакнувајќи дека со тој чекор сака да помогне во борбата против прекумерната тежина кај децата.

Забраната стапува на сила во февруари и на производителите на храна и пијалоци ќе им биде дозволено само огласување здрави производи, објавија лондонската компанија за јавен превоз ТфЛ и градоначалникот Садик Кан.

– Со оглед на 30-те милиони патувања дневно во ТфЛ огласниот простор таму нуди клучна прилика за промовирање квалитетна храна и здрав стил на живот на децата и членовите на нивните семејства, нагласуваат во заедничко соопштение.

Осумдесет и два отсто од жителите на Лондон ја поддржуваат таа забрана.