Веќе ве информираме дека наследникот на Qualcomm Snapdragon 845 ќе се вика Snapdragon 8150.
Долгоочекуваниот процесор се уште не е претставен официјално и сите очекуваат тоа да се случи
пред крајот на годината. Се чини дека токму такви се плановите на компанијата, бидејќи Qualcomm
почнаа да шират покани за специјален настан во почетокот на декември. Благодарение на новите
податоци разбираме дека премиерата на процесорот ќе биде на 4 октомври, пренесоа pcpop.com.

Уште поинтересно е дека Qualcomm обично стартуваат со продажбата на смартфони со новите
чипови уште истиот ден на премиерата. Многу е веројатно ситуацијата да се повтори и оваа година,
кога ќе видиме кои ќе бидат првите уреди со Qualcomm Snapdrgon 8150. Големиот интерес за овој
чип не е случаен, бидејќи се очекува да е првата архитектура на компанијата која обезбедува
поддршка за 5G мрежи и всушност ќе го забрза влезот на технологијата на пазарот.
Новиот чип дизајн ќе ја подобри не само продуктивноста, но исто така ќе се намали
потрошувачката на енергија за дополнителни 20%. Графичкиот чип на Snapdragon 8150 ќе биде
Adreno 640, кој е погоден за гејимнг и работа со неколку апликации. Водечките производители на
смартфони веќе пројавуваат голем интерес за Snapdragon 8150 и овој чип ќе најде место во
повеќето уреди од премиум сегментот со Android кои ќе ги видиме на пазарот во текот на следната
година.