Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон призна дека не му се допаѓа да носи бр.1 врз
својот болид, како што направи во петочните слободни тренинзи пред последното за 2018-та
година Гран При на Абу Даби
33-годишниот пилот го замени вообичаениот број 44 за првата од двете сесии на „Јас Марина“, но
потоа се врати кон него. Според последната промена во Правилникот секој натпреварувач треба
избере постојан број од 2 до 99, а единствено актуелниот шампион може да избере да стави бр.1
врз болидот.
„Мене лично не ми се допадна тоа. Воопшто не ми се допаѓа“, рече Хамилтон. „Тоа беше само една
сесија, па ништо не значи“.
Причината поради која го направив беше дека сум тука веќе 6 години, а секој пат кога сме биле
светски шампиони (2014, 2015, 2017 и 2018 година, додека во 2016 шампион стана Нико Розберг и
веднаш се повлече – н.з .) никогаш не сме го ставиле број 1 на автомобилот. Мислев дека ќе биде
кул“.
Се сеќавам кога Мекларен имаше бр.1 во лицето на Џенсон Батон, кој ја освои светската титула (со
Браун GP) и потоа се пресели и го донесе бројот со себе. Беше чудно што Мекларен имаше дозвола
да го стави бројот 1“.
„Се сеќавам дека во еден момент инженерите и механичарите ме прашуваа дали некогаш ќе го
направам тоа. Мислев дека би било добро да го ставиш на автомобил за само една сесија. Па
барем тие можеа да се сликаат со него и беа горди да бидат број 1“.