Мишел Барние изјави дека Велика Британија и ЕУ ќе останат “сојузници, партнери и пријатели”, откако ќе го потпишат договорот за излез на Лондон од еврозоната, соопштува АФП.

“Сега е време сите да ја преземат одговорноста”, рече тој пред вонредниот самит во Брисел, на кој се очекува да го потпише конечниот договор. Од своја страна, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, го опиша Брегзит како “трагедија”. “Ова е тажен ден. Гледајќи на земја како на Велика Британија … оставајќи ја ЕУ …не е време на радост или повод за прослава. Ова е тажен ден и голема трагедија “, рече тој при пристигнувањето на самитот.