Најмалку четворица војници загинаа кога во станбениот кварт Санџактепе во Истанбул се урна турски воен хеликоптер.

Во инцидентот е повреден еден војник. Според првите снимки од местото на несреќата воениот хеликоптер се урнал среде две згради и се распаднал на два дела. Зградите меѓу кои паднал на прв поглед изгледаат неоштетено.
https://twitter.com/taylieli/status/1066974557943328768
Засега не е позната причината за уривањето на хеликоптерот.
На местото на инцидентот се пристигнати повеќе возила на полицијата и на Брзата помош.
https://twitter.com/turkiye_ser/status/1066976637693120512
https://www.youtube.com/watch?v=R_s_UOjs0E8