Ф1 шампионите Луис Хамилтон и Себастијан Фетел покажаа огромен респект еден кон друг и ги
разменија кацигите по финалето на сезоната 2018 во Абу Даби. Пилотите на Мерцедес и Ферари се
бореа меѓу себе за титулата во последните две години, откако и во двата наврати, победник излезе
Хамилтон.
„Ова е најголемата почит што можеме да ја изразиме ние како пилоти. Сеедно си ги менуваме
дресовите. Еве ти мојата, направи одлична работа оваа година и беше задоволство да се
натпреварувам против тебе“, изјави Хамилтон.
„Многу добра работа! Пет титули, огромно постигнување. Се надевам дека ќе те сопрам да
освојуваш уште“, додаде Фетел.
Хамилтон се пошегува дека Фетел никогаш нема да може да ја користи кацигата бидејќи има
премногу мала глава.
Двајцата возачи за прв пат ги разменија своите кациги едни со други. Хамилтон и Фетел заедно
освоија осум од последните девет шампионати во Формула 1.
The ultimate respect between racing drivers… 🤜🤛@LewisHamilton #Seb5 #F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/hHpSwWzkxS
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) November 26, 2018