[РЕЦЕПТ] Салата со пилешко и сланина

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Производи:
1 салата марула или ајсберг
4 тврдо варени јајца
8 парчиња сланина
300 гр пилешки гради
1 добро зрело авокадо
120 гр сино сирење или друго по ваш избор
неколку шери домати
1 мали главици црвени кромид

За дресингот:
1/3 ч. оцет
1 лажица Дифен сенф
2-3 лажици маслиново масло
сол, бибер по вкус
Подготовка:
Во добро загреан сад, ставете неколку капки маслиново масло, а потоа и пилешкото. Запржете го месото добро на секоја страна, а потоа одделете го. Во иста тава внимателно запржете ја сланината.

Исечете или искинете ја салатата и ставете ја во голема чинија. Исечете го зеленчукот, јајцата и месото и додајте ги на неа. Украсете со сирењето и полијте со дресингот.