Huawei става крај на „исечените“ екрани

од Vlatko K
71 прегледи

Huawei пушти тизер на нејзиниот следен паметен телефон, а фокусот во него паѓа на „омилениот“ на
многумина „пресек“ на дисплејот. Или поскоро, недостатокот на таков. Од распространетата слика
можеме да видиме дека настрана малиот круг за предната камерата на смартфонот, се останато е
бескраен океан од дисплејна површина.

Huawei потврди пред The Verge дека фотографијата, дистрибуирана во кинески социјални мрежи, е
легитимна.

Потсетуваме дека Samsung исто така подготвува сличен тип на паметен телефон, нарекувајќи го
дизајнот Innity-O.

Huawei потврдил пред американските медиуми дека ќе открие повеќе детали за неговиот нов уред
во почетокот на декември.

Кој од двајцата гиганти, сепак, ќе биде прв на пазарот во однос на „hole-screen“ смартфон?
Очигледно, ќе дознаеме наскоро.